Политика за одговорно рекламирање на производи

 

Информациите достапни на оваа веб-страница се наменети како краток опис на позитивните својства на производите и нивниот потенцијален придонес за унапредување на здравјето, строго во согласност со важечките прописи за здравствени тврдења, кои го регулираат јавното известување и рекламирање на производи со здравствени придобивки. Производите се регистрирани и одобрени за увоз и продажба на територијата на нашата земја, по евалуација од надлежните институции и добиено позитивно мислење за нивна употреба. Сепак, неопходно е да се нагласи дека овие производи не се наменети за дијагностицирање, лекување или спречување на болести и не можат да се третираат како замена за конвенционалната медицинска терапија. Тие се додатоци во исхраната кои можат да придонесат за одржување на нормалното физиолошко функционирање на одредени органи, системи на органи или телото во целина, а со тоа да ја поддржат општата состојба на здравјето и благосостојбата на корисникот.

Некои производи може да се користат како дел од превентивна програма, за краток или подолг временски период, во зависност од индивидуалните здравствени потреби и препораки. Долготрајната употреба на производите може да придонесе за подобрување на функционалната состојба на организмот, без да покаже сериозни несакани ефекти, доколку се користат во согласност со препораките за дозирање и употреба.

Сите производи кои се објавени на оваа веб-страница се достапни без лекарски рецепт, што значи дека не се потребни специјализирани медицински прегледи или одобренија за нивно купување и користење. Сепак, пред употреба, секогаш е неопходно внимателно да се прочитаат и следат внатрешните упатства, кои содржат детални информации за дозирањето, индикации и контраиндикации, за да се обезбеди безбедноста на употребата. Доколку имате прашања или ви треба дополнителен стручен совет, се препорачува да се консултирате со вашиот матичен лекар или фармацевт, кој може да ви даде соодветни упатства за правилна употреба на производите во контекст на вашата здравствена состојба.

Податоците и информациите објавени на оваа веб-страница се исклучиво информативни и се наменети да дадат општи здравствени препораки кои можат да го подобрат квалитетот на животот на корисниците. Сепак, оваа информација не треба да се смета за замена за лекарски преглед или совет од лиценциран здравствен работник. Во случај на појава на здравствени проблеми или симптоми, многу е важно прво да побарате стручен лекарски преглед и консултација со вашиот матичен лекар, кој ќе може да постави точна дијагноза и да препорача соодветен третман врз основа на вашата здравствена состојба.

Ви благодариме за довербата и користењето на нашите производи. Се надеваме дека информациите на оваа страница ќе ви помогнат да направите информиран избор за вашето здравје и благосостојба. Ние сме секогаш тука да ви обезбедиме квалитетни производи, совети и услуги. За каква било дополнителна поддршка, не двоумете се да контактирате со нас или со вашиот матичин лекар. Вашето здравје е наша приоритетна грижа!

Политика на колачиња

Политика на колачиња

Оваа политика за колачиња на нашата веб-страница www.novamed.mk објаснува што се интернет колачиња, какви видови колачиња користиме, како и за што ги користиме, кои информации се собират со нив, за што се користат тие информации и како можете да ги подесувате преференциите на колачињата.

ШТО СЕ ИНТЕРНЕТ КОЛАЧИЊА ?

Колачиња се мали текстуални датотеки што се користат за складирање на одредена информација. Тие се сместуваат во вашиот уред (прелистувач) кога ја посетувате нашата веб-страница. Овие колачиња ни помагаат веб-страницата да функционира нормално, да ја направиме побезбедна, функционална и да разбереме како работи истата. Да анализираме каде има грешки и каде има потреба за подобрување.

КОИ ВИДОВИ НА КОЛАЧИЊА КОРИСТИМЕ ?

Нашата веб-страна користи есенцијални колачиња, статистички колачиња и колачиња за преференции:

Есенцијалните колачиња се претежно неопходни за нашата веб-страна да функционира на вистински начин и да е заштитена. Тие не собираат никакви ваши лични податоци.

Колачињата за статистика што се користат на нашата веб-страница служат за да се анализира ефикасноста на веб-страницата и начинот како комуницирате со истата, за подобрување на нашите услуги, за обезбедување подобри информации и содржини што се релевантни за вас, едноставно да ви обезбедуваме и понудиме подобар пристап како корисник.

Колачињата за преференции, се користат за лесен и побрз пристап на нашата веб страница.

ЗОШТО КОРИСТИМЕ КОЛАЧИЊА ?

Ние користиме есенцијални колачиња, за целосна функционалност на нашата веб-страница.

Овие колачиња се неопходни за да може да ја искусите целата функционалност на нашата страница. Овие колачиња овозможуваат веб-страницата да е постојано активна, сигурна и да се спречи било каков неавторизиран пристап или нехумано дејство врз истата.

Колачиња за анализа и статистика, за подобрување на услугите во нашата веб-страница.

Овие колачиња (Google Analytics) ги собират следниве информации како што се број на посетители, страници и постове кои се посетени, извор на посетата, времетраење на посетата, честотата на недостапност на веб-страницата, вид и модел на уредот со кој се пристапува, вид на оперативен систем, вид на пребарувач и верзија, јазик на пребарувачот, држава и град од каде се посетува веб-страницата итн. Овие податоци ни помагаат да разбереме и анализираме колку добро работи веб-страницата, колку се вреднува нашиот труд и каде има потреба за подобрување.

Колачиња за преференции, за лесен и побрз пристап на нашата веб страница.

Овие колачиња ни помагаат да ги зачуваме вашите поставки и преференции на прелистување, за да имате подобро и ефикасно искуство при идните посети на нашата веб-страница.

КОНТРОЛИРАЊЕ И БРИШЕЊЕ НА КОЛАЧИЊА !

Информациите собрани во нашата страница lekovita.mk со помош на интернет колачињата , не се користат за Ваше лично идентификување. Доколку сакате, овие колачиња може да ги блокирате или избришете, но во тој случај некои карактеристики и функционалности на веб-страницата можеби нема да функционират правилно.

Сите видови на интернет прелистувачи нудат можност за бришење на веќе меморираните колачиња и секогаш ја имате таа можност да ја користите!