Општиот принцип на регрутација и селекција по кој се водиме во Novamed е давање еднакви шанси на сите кандидати.
Процедурата за селекција е така дефинирана, за сите кандидати кои одговараат на условите за отворената работна позиција да бидат повикани во следниот чекор, селекција-тестирање.Кандидатите кои ќе го положат тестот очекуваат интервју и дополнителни проверки на знаењето. Бројот на интервјуа и врстата на тестови зависи од работната позиција за која кандидатот аплицира. Интервјуата ги прави секторот за човечки ресурси во соработка со менаџерите на сектори во кои има отворена работна позиција.
Сите кандидати на крајот од процесот на селекција се информирани за исходот на конкурсот.