Во Новамед не постои повисок приоритет од професионален и етички однос кон вработените на било која позиција да работат. Се почитува мултиетничноста, мултикултурноста и мултиконфесионалноста. Во Новамед се негуваа тимска работна средина.
Секој наш вработен со своето однесување и работа ја манифестира својата цврста намера и подготвеност да придонесува за поуспешно остварување на задачите, почитувајќи ги професионалните и основните принципи на : Чесност, Одговорност, Транспарентност, Етичност и Доверливост. Покажува голема почит кон државните институции, кон конкурентните компании, клиентите, соработниците и деловните партнери за да го одржува и унапредува угледот на нашата Компанија.
Новамед ангажира млад, амбициозен и перспективен работен кадар, со можност за постојан развој и напредок во кариерата. Инвестира во нивно континуирано едуцирање и усовршување, за да бидат спремни и стручно подготвени да одговорат професионално на сите предизвиции во тек на работата. Новамед навремено ги исполнува сите потреби на вработените, коректно и фер вреднување во отсуство на секаков вид на дискриминација.
Унапредувањето на вработените е една од основните принципи и горди сме на фактот дека нашите вработени знаат дека квалитетната работа и иницијативата доведуваат до превземање на по одговорни и комплексни работни задачи и повисоки позиции. Континуирано се следат иновации во сите области на модерното работење и се имплементираат во секојдневната работа за по безбеден, пријатен и современ амбиент за работа. Се отделува време за спортни активности, едукативни часови по екологија, здравје, здрава исхрана, откажување од штетни навики и т.н. Се организира и учествува во семинари, советувања, симпозиуми, конгреси, собири, стручни состаноци, конференции, курсеви за одредена професионална дејност. Се учество во научна истражувачка работа во земјата и во странство со нашите деловни партнери.
Благодарение на образовните перформанси, вложениот интелектуален труд и напорната тимска работа, придонесуваме кон по успешна иднина на нашата компанија, поголеми придобивки за нашите вработени, клиентите, деловните партнери, потрошувачите и најважно од се придонесуваме за подобрување на психо-физичкото здравје на нашето општество како витално заштитено правно добро.