УРИНАРНИТЕ ИНФЕКЦИИ се дефинираат како инвазија на патогени бактери врз ткивото на уринарниот тракт. Доколку не се третираат и лечат навремено и правилно, може да доведат до сериозни оштетувања на бубрезите и до нивна дисфункционалност. Многу бактерии можат да предизвикуват инфекции во бубрезите и уринарните патишта. Најчесто инфекциите се предизвикуват од Грам негативни бактерии ( Escherichia coli, Proteus, Klebsiella, Enterobacterius, Pseudomonas ). Речиси 90% од уринарните инфекции се предизвикуваат од бактеријата Ешерихија Коли.

“ НОВАМЕД – ИНОВАТИВНОСТА НА ФАРМАЦЕВТСКАТА НАУКА – Со интегритет, доверба, веродостојност, стручност, реноме, транспарентност, одговорност, расположливост, компетентност, вештини и искуство … “

Од уринарни инфекции најчесто заболуват жени и деца, причина е што кај нив бактериите полесно навлегуваат во мочниот меур. Притоа, овие инфекции најчесто се појавуваат и кај девојки кои штотуку започнале со сексуален однос, за време на менструалниот циклус како и кај жени во менопауза. Кај мажите, цистит обично започнува со бактериска инфекција на мочниот канал (уретрит), која се движи кон мочниот меур (цистит) и простатата (простатит).

Симптоми на ова заболување се често мокрење, печење при мокрење, чувство на непријатност и притисок. Многу често при мокрење, особено при крај на мокрење, се појавува остра болка, а понекогаш и крв, односно гној во урина. Задоцнетата дијагноза или неправилно спроведена терапија може да доведе до хроничен цистит-екстремно болна состојба која се лекува многу тешко.

Инфекцијата во почеток го зафаќа долниот дел од уринарниот тракт како што е мочниот канал (уретрит) и мочниот меур (цистит). При ненавремено и неадекватно лечење, инфекцијата може да стигне до горниот дел на уринарниот тракт и да предизвикува бубрежна инфекција (пиелонефрит).

Бубрежните инфекции се многу сериозни. Ако не се лекуваат навремено, може да доведат до трајни оштетувања на бубрезите. Најчести симптоми се често и болно мокрење, матна и миризлива урина, болки во грбот, гадење и повраќање, често покачување на телесна температура  до 38-39 ° C, а исто така се забележуваат и други симптоми на општа интоксикација.

НАВРЕМЕНОТО СПРЕЧУВАЊЕ НА УРИНАРНИТЕ ИНФЕКЦИИ, СПАСУВА ОД СЕРИОЗНИ КОМПЛИКАЦИИ И БОЛЕСТИ.

 
 

ЦИСТОСТОП ХРОНО – ПАТЕНТИРАН ПРИРОДЕН ПРОИЗВОД – ПРИДОНЕСУВА ЗА БЛАГОПРИЈАТЕН ЕФЕКТ ВРЗ ХРОНИЧНИОТ УРИНАРЕН ДИСКОМФОРТ

Цистостоп Хроно е природен производ ( додаток во исхрана ) и се издава без лекарски рецепт. Пред употреба внимателно прочитајте го упатството. За стручно-професионално мислење консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Терапијата со Цистостоп Хроно има комплексно – ефикасно дејство и придонесува за благопријатен ефект врз хроничните уринарни инфекции. Цистостоп Хроно е производ со патентирана комбинација на природен состав. Цистостоп Хроно е изработен по најнова фармацевтска технологија за прецизно дозирање и комбинирање на природен и патентиран состав во таблетирана форма. Една таблета Цистостоп Хроно содржи четири природни состојки односно екстракти кои се точно дозирани во милиграми и во ваква комбинација придонесуваат за по комплексно-ефикасно дејство и благопријатен ефект врз уринарниот тракт.

Цистостоп Хроно поради иновативната комбинација на природни екстракти и комплексно-ефикасното дејство може да се користи кај пациенти со хроночни инфекции на уринарниот тракт, особено кога причинител на инфекцијата е бактеријата ешерихија коли. Предноста на Цистостоп Хроно се должи на иновативната комбинација на природен состав и четирите дејства во една таблета. Комплексно-ефикасното дејство и благопријатниот ефект на Цистостоп Хроно врз уринарниот тракт настапува веднаш уште при првиот прием на првата таблета. Исто така предност на Цистостоп Хроно е што содржи најголеми количини на Д-МАНОЗА дури 1200мг.

ДОЗИРАЊЕ: Два пати дневно по 1 таблета 30 до 90 дена. Во зависност од клиничката слика.

Цистостоп Хроно може да се применува самостојателно или паралелно со антибиотска терапија. По завршувањето на 3 дневната терапија со Цистостоп Рапид, се препорачува минимум 30 дневен прием на Цистостоп Хроно со цел спречување на рецидивна инфекција.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ : Цистостоп Хроно може да се земе пред, за време или после јадење. Може да се применува како моно-терапија или паралелно со антибиотска терапија, со што ја зголемува ефикасноста и дејството на антибиотиците и го скратува времетраењето на лекување. Безбеден е и може да се користи кај бремени жени, доилки, деца над 3 годишна возраст и состојби каде не смее да се користат антибиотици поради можните компликации и контраиндикации.

ТАБЛЕТИТЕ МОЖАТ ДА СЕ КРШАТ И ЗДРОБАТ ЗА ПОЛЕСНО ДА СЕ КОНСУМИРАТ.

Цистостоп во нашиот фармацевтски пазар – во аптеките www.novamed.mk/аптеки се нуди во две различни форми, како Цистостоп Рапид од 1100мг / 30 таблети – 650 денари и Цистостоп Хроно 1200мг / 30 таблети – 680 денари. Секое пакување на Цистостоп Хроно во себе содржи упатсво за употреба и точно дефиниран рок на траење на производот. Цистостоп Хроно е додаток во исхрана – на природна база и се издава без лекарски рецепт. Пред употреба внимателно прочитајте го упатството. За стручно-професионално мислење консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Повеќе информации на следниов линк: ЦИСТОСТОП ХРОНО

Продажба во: АПТЕКИ

drugs1ПРОИЗВОДОТ Е ДОДАТОК ВО ИСХРАНАТА И СЕ ИЗДАВА БЕЗ ЛЕКАРСКИ РЕЦЕПТ. ПРЕД УПОТРЕБА ПРОЧИТАЈТЕГО ВНИМАТЕЛНО УПАТСВОТО.ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.