НОВАМЕД КАМПАЊА “ ГРИЖА ЗА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ “ Со Антонела Нова и Неолексан – незаменливиот природен антидепресив.
ОПСЕСИИТЕ СЕ ЗАГРИЖУВАЧКИ, НЕГАТИВНИ, НАМЕТЛИВИ МИСЛИ КОИ ПОСТОЈАНО СЕ ПОЈАВУВААТ И ПОВТОРУВАТ. Болните немаат контрола врз нив и им предизвикуваат силна анксиозност и вознемиреност.
КОМПУЛСИИТЕ СЕ НЕОСНОВАНИ И ИРАЦИОНАЛНИ ДЕЈСТВИЈА КОН КОИ ЛИЧНОСТА ЧУВСТВУВА НЕОДОЛИВ ПОТТИК И СТРЕМЕЖ. Со извршување и повторувањето на ваквите дејства, болниот драстично го намалува неоснованото чувство на анксиозност и вознемиреност.
Опсесивно-компулсивите растројства спаѓат под анксиозните растројства. При опсесивно-компулсивните растројства, болните се плашат и чувствуват страв дека ако не ги исполнуват своите “правила и дејства”, ќе им се случи нешто многу лошо. Опсесите (наметливите мисли) и компулсиите (наметливите дејства) го окупираат речиси нивното секоедневие и животот им станува тежок !
ОПСЕСИВНО – КОМПУЛСИВНО РАСТРОЈСТВО Е КОГА НЕОСНОВАНИОТ СТРАВ ВЕ ПОТИКНУВА ДА ПОВТОРУВАТЕ ЕДНО И ИСТО ДЕЈСТВО ПОВТОРНО И ПОВТОРНО!
Да направиме важно објаснување: Секој човек во животот има или минува низ периоди на наметливи феномени, но тоа не значи присуство на болест! Апсолутно нормални се наметливите мисли и дејства за по често одржување на хигиена, за перфекционизам, за почести проверки пред излегување од дома или од работа, за ритуалите кои носат “среќа” пред важен настан, за суеверијата од типот дека ако ни пресече пат мачка ќе ни се случи несреќа и слично. Здравата личност има контрола над своите мисли и дејства, кога ќе процени дека тие се ирационални, прекумерни и безсмислени, може да им се спротивставува и да поставува контрола врз нив. Додека личноста со опсесивно-компулсивни растројства дури и да сфаќа дека има наметливи мисли и дејства, нема моќ да воспостави контрола врз нив, и во обид да ги надмине и да поставува контрола врз нив, состојбата им се влошува и драстично им се зголемува чувството на вознемиреност и анксиозност.
ОПСЕСИВНО РАСТРОЈСТВО Е КОГА СОМНЕЖОТ ТЕ ТЕРА ДА СЕ СОМНЕВАШ ВО СОМНЕЖ !
Најчестите наметливи мисли (опсесии) се: Страв од губење на контрола и повредување на други или себеси; Страв од контаминација или зарази; Интрузивни сомнежи – дали електричните апарати се исклучени, дали е заклучена надворешната врата, дали е направено нешто погрешно, неморално или кривично; Наметливи мисли и концепти со сексуална или агресивна содржина што се спротивни на моралните вредности; Интрузивна потреба за чистота, ред и симетрија. Најчестите компулсивни дејства се: Постојано миење раце или туширање; Повеќекратно повторување на различни дејства; Повеќекратни проверки на простории и работи кои можат да предизвикуват несреќи и штети; Ритуали на броење – пребројување на дрвјата по патот, на чекорите, на тротоарите, на плочките итн. ; Ритуали за чистење и уредување; Ритуали поврзани за спречување на можна несреќа, болест или смрт.
КОМПУЛСИВНО РАСТРОЈСТВО КОГА ПОВТОРУВАЊЕТО НА ЕДНО И ИСТО ДЕЈСВО ТЕ СМИРУВА !
Пациентите ги преживуват наметливите мисли и дејствија со симптоми на анксиозност, срам или вина. Во областа на психопатологијата се верува, дека опсесивните и компулсивните симптоми се едно од најболните човечки искуства. Пациентите често се загрижени мислеќи дека овие симптоми се знак на по сериозно ментално – емоционално растројство и психопатологија (што секако не е така ). Нивните роднини, пријатели и околните обично не можат да ја разберат природата на нивното страдање, често им ги оценуваат симптомите како “глупости” и почнуваат да им даваат бесмислени совети од видот “стегни се”. Затоа не е чудно што поголем дел од пациентите се обидуваат да ги кријат симптомите и понекогаш минуваат години, пред да се осмелуваат да се консултираат со психијатар.
ПОБАРАЈТЕ ЛЕКАРСКА И ПРОФЕСИОНАЛНА ПОМОШ ВО СЛУЧАЈ НА МЕНТАЛНИ И ЕМОЦИОНАЛНИ ТЕШКОТИИ И НАРУШУВАЊА!
Кај повеќето пациенти, нарушувањето има акутен и ненадеен почеток со многу стресна ситуација. Протокот е различен. Кај дел од пациентите се забележуват еднократни, лесни и минливи епизоди. Во втор случај може да биде во форма на неколку епизоди, во трет случај единичната епизода може да трае неколку месеци или неколку години со периодии на затишје. Кај мал број пациенти, болеста е тешка и во континуитет, со многубројни компулсивни симптоми и со сериозни нарушување врз социјалното, семејното и професионалното функционирање. Најчест фактор кои ја предизвикува болеста е прекумерниот стрес во семејството, на работа и во социалното опкружување. Ваквите стресни настани можат да бидат конфликтни ситуации, промена на работното место, отказно решение од работниот однос, разрешување во пониска функција во работата, развод или одвојување, брачни проблеми, насилство, бременост, кај млади мајки во првите години по раѓањето и други.
Опсесивно-компулсивно нарушување е релативно побавно за лекување од повеќето други анксиозни нарушувања. Сепак, треба да се знае дека ова е состојба која може да се излечи, а целта на третманот е целосно отстранување на сите симптоми и враќање на социјалното функционирање. Психотерапијата и психосоцијалните постапки, како едукација за болеста се важни во процесот на лечение. Едукацијата за болеста се состои во давање на информации за болеста и лекување во рамките на емпатиски терапевтски однос доктор- пациент или во терапевтска група, што му се помага на пациентот подобро да ја разбере болеста – растројството.
КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ПСИХИЈАТАР, НЕ ПОСТАВУВАЈТЕ ДИАГНОЗА САМИТЕ НА СЕБЕ ЗОШТО ОПСЕСИВНО – КОМПУЛСИВНОТО РАСТРОЈСТВО Е ЕДНА ОД ПОТЕШКИТЕ НАРУШУВАЊА ВО ГРУПАТА НА АНКСИОЗНИТЕ РАСТРОЈСТВА !

 

 

 

 


 

НЕОЛЕКСАН – НЕЗАМЕЛИВИОТ ПРИРОДЕН АНТИДЕПРЕСИВ
ДЕФИНИТИВНО ” НЕОЛЕКСАН ” – НЕЗАМЕНЛИВИОТ ПРИРОДЕН АНТИДЕПРЕСИВ – ПРИДОНЕСУВА ЗА ПОДОБРО МЕНТАЛНО И ЕМОЦИОНАЛНО ЗДРАВЈЕ, СЕКАКО И ЗА МИРЕН СОН.
Неолексан – незаменливиот природен антидепресив – е познат по високиот квалитет на составот и по иновативните методи на производство. Со патентирана и современа метода на фармацевтско таблетирање на природен состав кој овозможува продолжително – пролонгирано дејство на Неолексан таблетата. Современост во пакување, во специјални матни блистерни фолии за заштита на квалитетот и природниот состав од надворешни фактори.
Дозирање: Се започнува со една таблета на ден. После 4-5 ден по потреба се зголемува дозата на два пати на ден по една таблета. Максималната дозволена дневна доза е три пати на ден по една таблета. За несоница ( инсомнија ) дозирањето е една до две таблети, еден час пред легнување.
Времетраење на терапијата: три до шест месеци, во зависност од сериозноста на клиничката состојба.

Нема контраиндикации и несакани ефекти. И при долгогодишна употреба не предизвикува зависност.

За повеќе информaции на: НЕОЛЕКСАН – НЕЗАМЕЛИВИОТ ПРИРОДЕН АНТИДЕПРЕСИВ
Продажни места: АПТЕКИ
drugs1ПРОИЗВОДОТ Е ДОДАТОК ВО ИСХРАНАТА И СЕ ИЗДАВА БЕЗ ЛЕКАРСКИ РЕЦЕПТ. ПРЕД УПОТРЕБА ПРОЧИТАЈТЕГО ВНИМАТЕЛНО УПАТСВОТО.ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.