НОВАМЕД КАМПАЊА “ ГРИЖА ЗА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ “ Со Антонела Нова и Неолексан – незаменливиот природен антидепресив.
СТРЕС Е СЕКОЈ ФИЗИЧКИ, ХЕМИСКИ ИЛИ ЕМОЦИОНАЛЕН ФАКТОР ШТО СОЗДАВА ТЕЛЕСНА ИЛИ УМСТВЕНА НАПНАТОСТ.
Причинителите на стрес најчесто имаат психолошка природа. Тие се непријатни или пријатни настани кои се случуваат ненадејно и ја стават личноста во голема неизвестност, во многу неповолна ситуација, со силни негативни чувства дека нема да може да се справуваа и да ја контролира новонастанатата ситуација.
СТРЕСОТ Е ОПАСЕН ПО ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ !
Стресот може да биде акутен ( краткотраен стрес ) или хроничен ( пролонгиран стрес ) кој трае со месеци – години и полека го уништува психо – физичкото здравје.
КОЛКУ ШТО Е СТРЕСОТ ПОЈАК, А СПОСОБНОСТА НА ЛИЧНОСТА ДА СЕ СПРАВУВА СО НЕГО ПОМАЛА, ТОЛКУ Е СТРЕСОТ ПО ОПАСЕН !
Умерениот стрес и благата напнатост понекогаш можат да бидат корисни. Умерениот стрес честопати нѐ поттикнува да дадеме сѐ од себе и подобро да си ги завршуваме нашите секојдневни обврски и да ги постигнеме нашите животни цели.
СТРЕСОТ ИМА СЕРИОЗНО НЕГАТИВНО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ОПШТОТО ЗДРАВЈЕ!
Вашето телото при стрес почнува да лачи разни хемиски супстанции и хормони кои брзо се шират низ целото тело за да може секој орган и систем да биде подготвен за стресната ситуација. Се активират максимално сите сетила, мозокот ви функционира брзо, надбубрежната жлезда лачи моќни хормони зголемувајќи го до максимум работниот капацитет на вашите мускули, срцето, белите дробови и на другите органи.
СТРЕСОТ ГО ОПТЕРЕТУВА ВАШЕТО СРЦЕ !
Штетните последици се појавуваат тогаш кога стресот е премногу силен и не знаете како да се справувате со него. Кога подолг временски период сте психички напнати, првично се појавуваат мускулни болки и грчеви, чести срцеви аритмии, нестабилен висок крвен притисок, гастроинтестинални проблеми, гастрит и чир во желудникот, во крвта – високи вредности на триглицериди, холестерол, шекер, хормони и т.н.
СТРЕСОТ ГИ ОПТЕРЕТУВА ВАШИТЕ БУБРЕЗИ !
Долготрајното зголемено присуство на разни хормони и хемиски супстанции во организмот поради пролонгираниот стрес, а кои се корисни само за кратки, интензивни и вонредни ситуации, со тек на време ги оштетуваат виталните органи и предизвикуват сериозни органски патологии.
СТРЕСОТ ГИ УБИВА МОЗОЧНИТЕ КЛЕТКИ !
Мозочната функционалност при силен стрес е на максимално ниво. Се зголемува протокот на нервни импулси во мозокот, поради обработка на енормно голем број на информации. Со зголемување на протокот на нервни импулси се трошат и големи количини на невротрансмитери ( аминокиселини кои ги пренесуваат нервите импулси ). Долготрајната нервна напнатост и максималниот проток на нервни импулси предизвикуват дебаланс или недостаток на невротрансмитери во мозокот, состојба која е позната како “мозочна блокажа”. Ваквата состојба на намалени количини или недостаток на невротрансмитери во мозокот е причина за појава на разни ментални растројства ( анксиозност, депресија, несоница, фобии и т.н. ).
СТРЕС Е КОГА ВРЕМЕТО ИСЧЕЗНУВА И ОСТАНУВА САМО ОНА НА ШТО МИСЛИШ !
Силниот стрес е тесно поврзан со депресија, анксиозност, зголемена агресивност, исцрпеност, несоница и разни растројства и психопатологии. Силниот стрес може да предизвикува трајни нарушувања во помнењето и концентрацијата, го ослабнува имунитетот и го прави телото подложно на секакви болести — од обична настинка до малигни и автоимуни болести.
СТРЕСОТ Е ПРИМАРЕН ФАКТОР КОЈ ПРИДОНЕСУВА ЗА РАЗНИ МЕНТАЛИ РАСТРОЈСТВА И СЕРИОЗНИ ФИЗИЧКИ БОЛЕСТИ !
Стресот има големо влијание врз сите аспекти во животот а посебно врз нашето здравје — менталното, физичкото, емоционалното и духовното — ако стресот е под наша контрола, може да ни го олесни животот, поттикнувајќи нѐ да бидеме креативни, продуктивни, одушевени и успешни. Во спротивно доколку сме постојано под неконтролиран силен стрес, може психо-физички да не уништи.

 

 


 
НЕОЛЕКСАН – НЕЗАМЕЛИВИОТ ПРИРОДЕН АНТИДЕПРЕСИВ
ДЕФИНИТИВНО ” НЕОЛЕКСАН ” – НЕЗАМЕНЛИВИОТ ПРИРОДЕН АНТИДЕПРЕСИВ – ПРИДОНЕСУВА ЗА ПОДОБРО МЕНТАЛНО И ЕМОЦИОНАЛНО ЗДРАВЈЕ, СЕКАКО И ЗА МИРЕН СОН.
Неолексан – незаменливиот природен антидепресив – е познат по високиот квалитет на составот и по иновативните методи на производство. Со патентирана и современа метода на фармацевтско таблетирање на природен состав кој овозможува продолжително – пролонгирано дејство на Неолексан таблетата. Современост во пакување, во специјални матни блистерни фолии за заштита на квалитетот и природниот состав од надворешни фактори.
Дозирање: Се започнува со една таблета на ден. После 4-5 ден по потреба се зголемува дозата на два пати на ден по една таблета. Максималната дозволена дневна доза е три пати на ден по една таблета. За несоница ( инсомнија ) дозирањето е една до две таблети, еден час пред легнување.
Времетраење на терапијата: три до шест месеци, во зависност од сериозноста на клиничката состојба.

Нема контраиндикации и несакани ефекти. И при долгогодишна употреба не предизвикува зависност.

За повеќе информaции на: НЕОЛЕКСАН – НЕЗАМЕЛИВИОТ ПРИРОДЕН АНТИДЕПРЕСИВ
Продажни места: АПТЕКИ
drugs1ПРОИЗВОДОТ Е ДОДАТОК ВО ИСХРАНАТА И СЕ ИЗДАВА БЕЗ ЛЕКАРСКИ РЕЦЕПТ. ПРЕД УПОТРЕБА ПРОЧИТАЈТЕГО ВНИМАТЕЛНО УПАТСВОТО.ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.